fbpx

Итната помош е со бавни амбулантни возила кои често се расипуваат

-

Поради доцнење и технички дефекти на амбулантните возила, Итната медицинска помош во Македонија е неефикасна, и наместо да нуди брза медицинска интервенција, во некои екстремни случаи и предизвикала губење на животи на граѓани, пишува „Порталб.мк“.

Техничките доцнења се настанати како последица на не амортизираните возила, а пак условите за нивно одржување не се предвидени ниту со Законот за здравствена заштита, ниту пак со Правилникот за работа на Итна медицинска помош.

Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство немаат никакви информации, но само во медиумите фигурираат три случаи кога амбулантните возила претрпеле дефекти, и не успеале да интервенираат на време. Како резултат на тоа, имало и губење на животи.

„Ние таквите случаи не ги евидентираме како црна хроника. Веруваме дека Министерството за здравство треба да ги евидентира таквите информации“, велат од МВР.

Такви информации нема ниту Министерството за здравство. Последниот случај се случи на 24 август 2018 година, каде што во една сообраќајна несреќа, неколку километри пред Тетово, амбулантното возило на Итна медицинска помош пристигнало со технички дефекти, и за да се стави во движење луѓето го туркале возилото.

„Тешка несреќа неколку километри пред Тетово, каде едно возило беше превртено. И возилото на Итна медицинска помош кое што пристигнало не било во ред, и истото потоа било ставено во движење со туркање”, велат од „Цивилмедиа.мк“.

Вториот случај се случил на 12 јули 2017 година, кога една 15-годишна девојка од Гостивар починала, при пренесувањето од Медицинскиот центар во Гостивар во Ургентниот центар- Скопје. Девојката од Гостивар имала болки во стомакот, а од Медицинскиот центар во Гостивар била испратена во 04.30 часот.

Третиот случај евидентиран во медиуми се случил на 13 март 2017 година во Крива Паланка.

„Двајца пациенти од Крива Паланка претходната ноќ со возило на Итна медицинска помош биле испратени кон Ургентниот центар во Скопје. Возилото доживеало дефект, и додека дефектот бил отстранет, двата пациенти починале”, се вели во веста на „СДК.мк“.

Итна медицинска помош е предвидена во Законот за здравствена заштита. Со законот е предвидена само услугата, но не и условите за обезбедување на добра состојба на амбулантни возила. Според она што го вели законот, начинот на работа Итна медицинска помош е предвиден со Правилник за организацијата и начинот на вршење на работата на Итната медицинска помош, што се усвојува од министерот за здравство.

Член 17 од равилникот наведува дека „Службата за брза медицинска помош работите на медицинска помош ги извршува со помош на транспортни средства кои имаат технички карактеристики што се во согласност со стандардите.“

Но под кои услови треба да се менуваат и сервисираат амбулантните возила на Итна медицинска помош не е предвидено ниту со Законот за здравствена заштита, ниту пак со Правилникот за работа на брзата помош, иако и во двете фигурира како медицинска услуга.

Граѓаните бараат Итната медицинска помош да биде поефикасна со соодветни возила, како и тоа
Министерството за здравство да го измени Правилникот за работа за да ги утврди условите кога е потребна промена и сервисирање на едно амбулантно возило.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...