fbpx

Италијанците утре на референдум ќе одлучуваат за реформа на политичкиот систем

-

Граѓаните на Италија утре на референдум ќе одлучуваат дали ќе ги прифатат реформите во уставот на земјата, кои предвидуваат концентрирање на власта во рацете на владата или, пак, ќе ги отфрлат промените и ќе го зачуваат својот посебен систем на демократски проверки и рамнотежа, пишуваат светските агенции. Станува збор за една од најголемите институционални промени во Италија, откако земјата стана република во 1946 година.

Од резултатот на утрешниот референдум ќе зависи и судбината на италијанскиот премиер Матео Ренци, кој претходно вети дека ќе си поднесе оставка ако не поминат реформите. Светските медиуми пишуваат дека тоа би можело да доведе до политичка парализа во земјата, која ќе им овозможи на популистичките и на евроскептичните опозициски партии да дојдат на власт.

„За шест дена ќе знаеме дали конечно ќе имаме едноставна и силна иднина“, изјави Ренци во понеделникот оваа недела, додавајќи дека исходот од референдумот е неизвесен бидејќи голем дел од гласачите во земјата се неодлучни.

Според Ренци, реформите ќе го подобрат процесот на донесување одлуки и на Италија, која од 1946 година смени 63 влади и 27 премиери, ќе ѝ овозможат постабилна власт.

Изборните места во Италија утре ќе бидат отворени од 7 до 23 часот, а за референдумот да биде успешен, не е потребен одреден цензус за излезност на гласачите. Резултатите ќе бидат познати в понеделник, рано наутро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...