fbpx

Италијанскиот премиер Џентилони го покани Заев на самитот во Трст

-

Премиерот на Италија, Паоло Џентилони, испрати честитка до новиот премиер, Зоран Заев, за формирањето нова влада, соопшти денеска италијанската амбасада во Скопје.

Џентилони, исто така, го поканил Заев да учествува на самитот во Трст, кој се одржува во рамки на Процесот Западен Балкан.

И шефот на италијанската дипломатија, Анџелино Алфано, испрати честитка до неговиот нов колега, министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров. Во честитката се наведува дека Италија ќе продолжи да ги поддржува евроатлантските аспирации на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...