fbpx

Италија протера македонски државјанин осомничен за тероризам

-

Италијанските власти протераа четири лица осомничени за тероризам, меѓу кои и еден македонски државјанин.

„Четворицата странци, од нив еден Косовец (37) и еден Македонец (39), протерани се од Италија поради опасност по безбедноста на земјата. Еден од странците е Французин (28) кој го примил радикалниот ислам, додека другиот државјанин на Тунис (45)“, пишуваат албанските медиуми.

Според нив, македонскиот државјанин претходно е осудуван од судот во Сиена, регион Тоскана, поради семејно насилство и бил под надзор на полицијата. Припаѓал на парамилитарна организација активна во конфликтите на Балканот.

Подолго време бил следен и Французинот бидејќи бил на списокот на лица опасни за безбедноста на земјата.
Косовецот живеел во Болоња, бил приведуван поради насилство врз сопругата и децата при што и во затворската ќелија проповедал радикален ислам.

Државјанинот на Тунис исто така бил во затвор каде освен проповедањето радикален ислам бил поттикнувач и на конфликти во затворот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...