fbpx

Италија ќе ѝ додели на Македонија 90.000 евра за справување со мигрантите

-

Деведесет илјади евра ќе ѝ додели италијанската влада на Македонија за справување со приливот на мигранти од Блискиот Исток.

„Вонредната состојба предизвикана од приливот на мигранти од Блискиот Исток на пат кон Северна Европа претставува нов предизвик за Европа и за европските земји, со кој заеднички треба да се справат земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати од Западен Балкан. Имајќи ги предвид предизвиците со кои моментално се соочуваат македонските власти, италијанската влада донесе одлука да ѝ додели на Македонија дополнителна мултилатерална помош во износ од 90.000 евра за финансирање на активностите на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина на Република Македонија“, се наведува во соопштението од Амбасадата на Италија во Скопје.

Оттаму истакнуваат дека бројот на мигранти што го користат т.н. балкански пат, постепено се зголемувал, особено во последните неколку недели и оти тоа претставува голем напор за Македонија.

„Италијанската помош има цел да ги поддржи активностите од примарна заштита на македонскиот Црвен крст и Црвена полумесечина за да им се помогне на најранливите групи мигранти (жени и деца), како и обезбедување основни средства и основна медицинска грижа“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...