fbpx

Истражување: Повеќе од една петина од граѓаните на Србија сакаат да се иселат

-

Повеќе од една петина од граѓаните на Србија, или 22 отсто сакаат да се иселат од државата покажало истражувањето „Зошто луѓето заминуваат од Србија“, јавува дописничката на „Мета“ од Белград.

Бројките покажуваат дека секоја година од Србија се иселуваат помеѓу 40 и 70.000 лица, а ако кон тоа се додаде и негативниот природен прираст, Србија годишно губи по 100.000 жители.

Како што соопштила организацијата „Србија 21“, за иселување најмногу размислуваат младите помеѓу 18 и 29 години (34 отсто или околу 450.000 граѓани).

Од тие кои сакаат да си заминат, 45 проценти размислуваат за трајна преселба, а најголем мотив за тоа се стандардот (41 отсто), подобра платена работа (36 отсто), и лошата ситуација во државата (9 отсто) од испитаниците.

Најголем дел од граѓаните на Србија (85) отсто сакаат да се иселат во Европа, а само во два отсто во Русија.

Организацијата „Србија 21“ го спровела истражувањето во текот на јуни и јули годинава на примерок од 1.000 полнолетни граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...