fbpx

Истражување: Младите многу малку внимателно читаат и размислуваат

-

Поголем дел од младите имаат релативно добри познавања и вложуваат соодветни напори да откријат дали некоја вест или друга медиумска содржина содржи дезинформација, но испитувањето на нивната способност за логичко размислување и внимателно читање покажуваат дека само 1 од 100 ги исполнува критериумите за такво нешто.

Тоа го покажа новото истражување спроведено преку проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк“ – Центар за европски стратегии, поддржано од Европската Унија.

Со анкета на 301 студенти на возраст од 18,5 до 23 години, во која речиси подеднакво биле опфатени лица од машки и од женски пол, се добиени интересни резултати во однос на тоа како младите се информираат, какви медиуми следат, но најинтересно од сè дали може да ги препознаат дезинформации и да утврдат дали некоја работа е вистинита или не. Одговор бил побаран од студенти од Правниот факултет при УКИМ, од Факултетот за безбедност при битолскиот универзитет и од студенти на правни, политички и технички науки при Универзитетот на Југоисточна Европа.

Како што објасни Александар Стојановски, постар истражувач во „Евротинк“ – Центар за европски стратегии, испитаниците, во кои главно се најзастапени бруцошите, одговарајќи на прашања дале интересна слика за тоа колку младите реално се согледуваат себеси, односно иако генерално кажуваат дека ги исполнува интелектуалниот напор и генерално проверуваат дали некои информации што ги добиваат од социјалните мрежи и медиумите се точни или не, само 1 од 100 одговориле точно на четирите логички прашања чија цел била да се провери колку размислуваат.

– Само тројца од 301 одговориле точно на сите четири логички прашања, кои не се сврзани ниту со познавање на јазикот ниту со некакви посебни познавања, туку само за тоа колку размислуваат. Од едно од прашањата се гледа и дека воопшто не се посветиле ниту убаво да го прочитаат прашање, туку само почнале да го читаат. Ако човек го прочита целосно прашањето, ќе сфати веднаш кој е точниот одговор. Тоа зборува и колку всушност младите читаат – рече Стојановски.

Истражувањето покажало дека поголем дел од младите рекле дека сакаат да ги проверат работите што ги читаат, но најчесто тоа го прават недоволно. Кога станува збор за местата каде тие доѓаат до информациите, предничат социјалните мрежи и веб-страниците, а потоа се телевизите. Но кога станува збор за тоа, младите претпочитаат странски содржини наспроти домашните, а речиси и не гледаат контакти емисии, односно само еден испитаник одговорил дека го прави тоа. Потоа на листата на популарност кај адолесцентите се печатените медиуми, а радиото е последното, иако бројката на студенти што ги следат овие два типа медиумите се бројат на прстите на едната рака.

Кога станува збор за популарноста на социјалните мрежи, 92,4% отсто од испитаниците се определиле за Инстаграм, а 91,7 отсто за Фејсбук, а потоа за другите социјални мрежи – Снепчет, Твитер и Линкдин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...