fbpx

Истрајноста и вербата сега најмногу се ставени на тест, рече Ѓорчев на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

-

Нема слобода таму каде што во затвор се пратеници, каде што во затвор се уметници, каде што во затвор се актери, режисери, блогери, административни службеници и останати службеници рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на протестот пред Министерството за правда против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.

-Во новите македонски стории ќе биде забележана маката која сега ја доживува државата. Во новите страници на македонската сегашност ќе бидат забележани и страдањата и маките, но исто така ќе биде забележана и истрајноста, карактерот и вербата, кои што се најмногу ставени на тест тогаш кога е најтешко – рече Ѓорчев.

Пратеничката Лилјана Кузмановска рече дека во Македонија во моментов владее омразата, дека има власт која неуставен начин ја добила оваа позиција и која со политички прогон владее во овој изминат период.

-Ние кои на еден храбар начин го издржавме тоа во Собранието, на еден храбар начин заедно со колегите кои сега се во притвор, всушност не сме терористи, не сме насилници, ние сме пратеници кои носиме законски решенија за доброто на граѓаните. Тој 27-ми април треба да е срам за тие кои го направија и кои го обвинија нашиот македонски народ и го нарекоа „оној народ што влезе“ – изјави Кузмановска.

На вечерашниот протест присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а присутните најавија нов протест утре во 18 часот пред Министерството за правда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...