fbpx

Исмајлоска-Старова: СДСМ се обидува да ја задуши иницијатива за породилното отсуство

-

„Од СДС пред две недели велеа дека од процедурални причини не можело да се продолжи породилното отсуство, но вчера стана јасно дека и за тоа излажале. Царовска и СДС очигледно се обидуваат на секој можен начин да ја задушат граѓанската иницијатива, иако во предизборниот период на големо ветуваа дека токму граѓанските иницијативи секогаш ќе ја имаат нивната поддршка“, изјави денеска на прес-конфренција Нола Исмајлоска-Старова од ВМРО-ДПМНЕ.

– Од една страна гласно велеа дека ќе ја поддржат иницијативата, а од друга страна без око да им трепне ја одбиваат. Очигледно, Социјалдемократскиот сојуз се расфрла со секакви ветувања само кога е во опозиција, но кога е на власт ништо од ветеното не планира и нема намера да го исполни. Само за потсетување, овие предложени законски измени за кои министерката Мила Царовска изнесе негативен став, се идентични со барањата на граѓанската иницијатива потпишана од 217 мајки – вели Исмајлоска Старова.

Таа ги повика пратениците од мнозинството и покрај негативниот став на Царовска, да се одважат и да ја поддржат намерата за измена на Законот за работните односи за продолжување на рокот за породилното отсуство на мајките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...