fbpx

Исланѓаните по деветти пат рекоа „не“ за влез во ЕУ

-

Повеќето граѓани на Исланд не сакаат нивната земја да влезе во Европска Унија, покажа новото истражување на јавното мислење, пренесува веб-страницата „Еуроактив“.

Од јули 2009 година, односно речиси девет години, испитаниците на Исланд во секое истражување се против членство во ЕУ.

Според анкетата на „Галуп“, изработена за исландската организација „Јас Исланд“ која го поддржува членството во ЕУ, 59,8 отсто од Исланѓаните не сакаат да бидат дел од ЕУ.

Повеќето Исланѓани се против „нови“ пристапни преговори со ЕУ, како и против преминување од националната валута круна на евро.

Новите преговори со ЕУ ги отфрлија 55,5 отсто од испитаниците на Исланд.

Кога станува збор за еврото, на кое Исланд не може да премине доколку не е членка на ЕУ, против европската валута се 52,3 отсто од анкетираните.

Инаку, на Исланд се води дебата за преминување на евро без влез во ЕУ, иако Брисел со години повторува дека преминувањето на евро не е возможно без членство.

Во јули 2009 година, тогашната исландска влада, по економската криза што ја погоди земјата во 2008 година, поднесе кандидатура за членство во ЕУ. Сепак, преговорите беа прекинати по изборите во 2013 година, откако Исланд отвори 27 поглавја. На тие избори на власт дојде коалиција на центарот и на десницата, која во 2015 година, две години по изборите, како што вети, го извести Брисел дека Исланд повеќе не е кандидат за членство во ЕУ.

Во односите со ЕУ, за Исланд најспорно е прашањето за риболовот, затоа што земјата има големо производство, но и мала побарувачка и не му одговара бриселскиот систем на квоти за извоз.
Исланд е членка на шенген-зоната и на Европскиот економски простор (EEA).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...