Закон за воведување унифицирани, неутрални кутии за сите марки цигари воведе Ирска, која стана првата земја во Европска Унија што усвојува ваков закон.
Според најновите прописи, сите видови реклами, вклучувајќи го и логото и бојата, ќе бидат забранети, додека сите кутии ќе имаат универзален, неутрален изглед со здравствено предупредување.
Овој закон наиде на поддршка од сите партии и е усвоен без гласање, а по овој чекор ќе биде испратен до претседателот на потпишување, иако неговата целосна примена ќе се случи во мај 2017 година.