fbpx

Ирма Гогова, победник на првото издание на талент-шоуто „Охрид суперстар“

-

Ирма Гогова, 17-годишна ученичка во трета година во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, е прогласена од жири-комисијата за најдобра изведувачка на првото издание на талент-шоуто „Охрид суперстар“.

Гогова ја доби главната награда од 2.000 евра, како и право на учество на фестивалот „Езерски бисери“ и на меѓународниот фестивал „Славјански базар“.

Таа претходно ги помина првата основна и елиминациската аудиција, кои беа организирани во текот на изминатиот период. Заедно со Ирма во финалето се натпреваруваа и Емилија Петровска, Андреа Јованоска, Ивана Коскоска, Билјана Буџакоска, танцовата група „Песинџерс“ и Светлана Вељаноска.

Втората награда, која ја додели публиката, стигна во рацете на танцовата група „Песинџерс“, на кои им следи голем настап во Барселона.

Третата награда, односно старт на радиопроект на „Супер радио“, замина во рацете на стендап-комичарот Илија Богданоски, а наградата за телевизиски проект на регионалната телевизија „О2“ ја доби Ангела Маркоска.

Организатор на проектот е локалното радио „Супер радио“, кое слави 25 години постоење.

– Оставаме зад нас повеќе од два месеци во кои се потрудивме да избегаме од стандардите шро се поставени од сличните програми за таленти. Самиот факт што се работи за локално шоу од релативно мали градови како Охрид и Струга, си има свои специфики, но сепак останавме доследни и не допуштивме квалитетот да биде доведен во прашање во ниту еден момент – нагласија организаторите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...