fbpx

ИРИ: Пораст на рејтингот на СДСМ и на Заев, пад на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ

-

Огромен пораст на увереноста на граѓаните дека Македонија се движи во добра насока и дека економијата може да се развива е забележан за помалку од половина година, покажува најновата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Анкетата покажува и значителен пораст на довербата во Зоран Заев и во СДСМ, но и пад на довербата во ВМРО-ДПМНЕ и во Никола Груевски, на централно, како и на локално ниво. Груевски, на пример, со довербата е на нивото како пред првпат да стане премиер во 2006 година.

Според резултатите презентирани денеска, во новата анкета спроведена од 4 до 27 август, на 1.150 испитаници, дури 17 отсто, односно 13 отсто повеќе, одговориле дека државата се движи во позитивна насока. Се зголемил и оптимизмот дека економијата ќе тргне во подобра насока, односно во тоа веруваат дури 33 отсто од граѓаните.

Огромен скок е забележан кај граѓаните што ја оценуваат внатрешната политичка ситуација како мирна и стабилна, од 5 отсто во март на 44 отсто минатиот месец. Процентот на оние кои ја опишуваат моменталната состојба како „напната и неизвесна“ паднал за 18 проценти, од 62 проценти во март  годинава на 44 отсто во август.

Значителен пораст се бележи во истиот период  и кај увереноста дека во Македонија владее правото, од 12 на 18 отсто.

На локалните избори, за градоначалник, 19 отсто од испитаниците би гласале за кандидат на СДСМ, 18 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, 7 отсто за ДУИ, 5 отсто за Алијанса за Албанците, 4 проценти за Беса, а дури 7 отсто за независен кандидат за градоначалник. Во поглед на општинските совети, 19 отсто би гласале за листите на СДСМ, 17 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, 8 отсто за кандидати за советници од ДУИ, 5 отсто за Алијанса за Албанците и 4 отсто за Беса.

Ако, пак, сега би се одржувале парламентарни избори, најголеми шанси би имал СДСМ со 20 отсто наспроти 17 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, 7 отсто за ДУИ, Алијанса за Албанците со 5 отсто и Беса со 4 отсто.

Македонските граѓани, исто така, изгледа дека се пооптимистични по прашањето за изгледите за пристапувањето кон Европската Унија. Бројот на оние кои мислат дека земјата сега е поблиску до пристапувањето во ЕУ отколку кога го доби кандидатскиот статус, се зголеми од само 13 проценти во март 2017 година на 41 процент. Поддршката за членството во ЕУ и понатаму е силна на 77 проценти – подобрување за 5 проценти од март 2017 година.

Во поглед на политичките лидери, најголема поддршка има Зоран Заев, со 25 отсто, што е само 3 проценти помалку од најголемата поддршка – таа за Катица Јанева. Груевски забележал поддршка од 15 отсто, но и најголем пад на довербата во однос на март годинава – до 30 отсто, за разлика од Заев, кому во истиот период рејтингот му се зголемил за 11 отсто, исто колку што изнесува порастот на рејтингот на специјалната јавна обвинителка. Истовремено, нивото на поддршка на Груевски како политичка фигура во август годинава изнесувал 11 отсто, што е најниско ниво уште од 2006 година, пред да стане премиер првпат. Во март годинава, пак, за Груевски се определиле 16 отсто од луѓето, што е пад од 5 отсто за помалку од половина година.

Во однос на рејтингот на партиите во периодот март – август годинава, ВМРО-ДПМНЕ бележи пад и сега има поддршка само од 14 отсто од испитаниците, наспроти СДСМ со силна поддршка од 22 отсто, односно пораст на поддршката од 2 отсто во однос на март годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...