fbpx

ИРИ: Големиот број неопределени може да го намали водството на владејачката коалиција

-

Додека анкетите покажуваат победа за владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, широкиот песимизам и значителниот процент на неопределени гласачи кој го покажуваат истражувањата, може да го намали водството на коалицијата и потенцијално да ги наруши нивните односи, се вели во предизборниот надзорен извештај на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Според ИРИ, излезноста на претстојните избори ќе биде повеќе од 60 отсто.

„Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР извести за „обвинувања за притисоци врз вработените во јавниот сектор да гласаат за конкретни политички партии“, иако атмосферата во предизборниот период е мирна. Идната влада ќе мора да преземе мерки да ја врати довербата во политичкиот систем, со оглед на тоа дека вербата во интегритетот во македонската демократија во очите на електоратот е нарушена поради политичката криза во изминатите две години. Се очекува дека изборите ќе овозможат стабилизација на политичката клима во Македонија“, се вели во извештајот на ИРИ.

Од Институтот потсетуваат дека изборите ќе се одржат како резултат на политички договор постигнат со посредство на Европската Унија и на САД и дека тие се гледаат како доказ дека политичката ситуација во Македонија се стабилизира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...