fbpx

Иран го повика амбасадорот на Турција на разговор

-

Министерството за надворешни работи на Иран го повика на разговор турскиот амбасадор во Техеран, Хакан Текин.

Амбасадорот е повикан поради негативните коментари на турскиот премиер Бинали Јилдрим на безбедносната конференција во Минхен.

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Бахрам Хаземи, денеска изјави дека неговата земја би можела да го изгуби трпението доколку Турција продолжи да изнесува „саркастични забелешки на сметка на Иран“.

Премиерот на Турција, Бинали Јилдрим, изрази загриженост поради „секташката политика“ на Техеран во Сирија и во Ирак и можниот обид да ја прошири својата „зона на влијание“.

Анкара поддржува дел од сириската опозиција и има воени трупи во Сирија, а Техеран ја поддржува владата на актуелниот сириски претседател Башар ал Асад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...