fbpx

ИО на СДСМ: Предвремени избори веднаш ако Договорот не помине во Собранието

-

На седницата на Извршниот одбор на СДСМ синоќа било едногласно заклучено дека сега, кога има јасно изразена мнозинска волја, пратениците во Собранието треба да го следат гласот на мнозинството од над 600 илјади граѓани, да преземат одговорност и да се забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ.

„Доколку тоа не е возможно и ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја кочи иднината на граѓаните и ја турка земјава во бездна, тогаш нема друга опција освен предвремени парламентарни избори веднаш, на кои граѓаните ќе одлучат за иднината, заклучи Извршниот одбор на СДСМ. Извршниот одбор оцени дека треба да се искористат сите демократски можности, да им се овозможи на пратениците да го следат гласот на граѓаните и да обезбедат членство на Македонија во НАТО и ЕУ“, се вели во соопштението СДСМ.

Извршниот одбор ги овластил претседателот на СДСМ, Зоран Заев и координаторот на пратеничката група, Томислав Тунтев, да ги преземат сите потребни чекори во насока на подготовка за предвремени парламентарни избори.

„Никој не треба да се надева на амнестија. Станува збор за многу важно прашање, за иднината на земјата, за иднината на граѓаните и фокусот на сите парламентарни партии треба да биде на ова прашање. Се друго е поигрување со иднината и обид за враќање на земјата во изолација и небиднина. На седницата беше заклучено дека референдумот помина во мирна, фер и демократска атмосфера“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...