fbpx

Инцидент со екологистите на Водно

-

Вербален конфликт избил пладнево помеѓу багеристите и активистите кои протестираат на Водно.

Како што пренесуваат неколку медиуми, наводно еден од одговорните на проектот за раскопување на Водно со цел поставување на гасовод му наредил на багеристот кој го вршел копањето да помине низ луѓето кои со жив ѕид протестираат на местото.

По ова на местото каде се врши ископот настанал вербален конфликт помеѓу активистите и одговорните за проектот проследен со пцовки и навреди.

Градежниците заедно со градежната механизација се појавиле, како што велат екологистиет, без никаква легитимација, документација или дозвола за работа.

Во моментов багерот со кој се врши копањето не е во функција, но работниците и понатаму работат, копаат и пренесуваат песок и земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...