fbpx

Интернет-петиција: Тодоров да се напие вода од Дојранско Езеро

-

Изјавата на министерот за здравство, Никола Тодоров, дека водата во Дојранското Езеро е исправна, поттикна интернет-петиција со која се бара тој да се напие чаша вода од езерото.

„Бидејќи делата се погласни од зборовите, бараме министерот да стави крај на дилемите на граѓаните и со свечено пиење чаша вода од Дојранско Езеро да ни покаже дека ова лето безгрижно може да лудуваме во исправните води на езерото. Ако не сака чаша вода, прифатливо е и повеќеминутно нуркање“, се вели во интернет-петицијата, која досега ја потпишале 46 лица.

Претходно, Државниот инспекторат соопшти дека водата во Дојранско Езеро е небезбедна за бањање, поради што воведе забрана за капење на четири плажи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...