fbpx

„Интел“ ја купи „Пасворд бокс“

-

„Интел“ ја купи канадската компанија за компјутерска безбедност „Пасворд бокс“. Компанијата во понудата има решение за брзо најавување на интернет-сервисите и на апликации. Наместо користење разни лозинки за секоја услога, „Пасворд бокс“ го олеснува процесот со користење една лозинка.

„Пасворд бокс“ е основана во 2012 година, а според соопштението од „Интел“, по аквизицијата, фирмата ќе биде интегрирана во компанискиот „Секјутири груп“. Во моментов 48 лица работат во „Пасворд бокс“, а наскоро ќе станат вработени на „Интел“.

Вредноста на аквизицијата засега не се објавува, а трансакцијата би требало да се изврши во првата половина на следната година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со манипулативни изменети видеа се исмеваат францускиот и украинскиот претседател

Првото видео наводно го прикажува Макрон меѓу млади посетители во ноќни клубови кои танцуваат во стилот на 80-тите години. Станува збор за манипулирана верзија на клип на кој се...