fbpx

Институциите да се вклучат во истрагата околу „бомбите“

-

Граѓанските организации од Платформата за борба против корупција внимателно го следат објавувањето на снимените телефонски комуникации, информираат од Платформата. Оттаму велат дека објавените снимки треба да бидат предмет на истрага поради сомнежите за незаконско прислушување.

„Бараме содржината на снимките да биде посебно и внимателно испитана, затоа што разговорите укажуваат на можни незаконски активности. Без разлика кој е изворот на снимените разговори, содржината сугерира постоење на корупција, вклучително и масовна злоупотреба на службената положба, што се казниви дејства за кои се гони по службена должност“, пишува во соопштението.

Платформата на граѓански организации за борба против корупција го повикува Јавното обвинителство веднаш да покрене постапки за гонење непознати лица за неовластено и незаконско прислушување и да отвори постапки за сите наводни злоупотреби, незаконско постапување, корупција и нарушување на човекови права кои се наведуваат во објавените снимки. Од Платформата бараат Државната комисија за спречување на корупцијата да се произнесе по случаите и да ги преземе сите мерки во рамките на нејзините надлежности и Судскиот совет да поведе постапка за несовесно и незаконско постапување на судиите за кои постојат индиции дека постапувале под влијание на носители на функции.

„Сметаме дека улогата на институциите на системот е незаменлива за уверување на граѓаните дека живеат во држава која е спремна да ги штити нивниот интерес, права и слободи“, пишува во објавата на Платформата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...