fbpx

Инспектори влегоа во кафулето во Штип каде требаше да се собираат донации за „Шарена револуција“

-

Организаторите на акцијата за собирање донации за „Шарената револуција“ во Штип одлучија да ја сменат локацијата. Новата локација не ја соопштија, но најавија дека размислуваат кутијата да ја постават на отворено, во центарот на градот.

Горан Трајков, еден од тројцата учесници во протестите со прекршочна казна, рече дека и тој дознал од организаторите дека локацијата е сменета.

– Неофицијално, инспектори го посетиле кафулето каде требаше да се одржи донаторската акција. Донации ќе се собираат, најверојатно, на отворено – изјави Трајков.

Сопственикот на кафулето само ни потврди дека таму нема да се одржи донаторската акција.

Преку оваа донаторска акција, која беше најавена денеска, се собираат пари за да се платат казните на тројцата учесници во „Шарената револуција“. Вкупно казните изнесуваат 1.300 евра, а се изречени за бојадисување на улиците, тротоарите и на плоштадот во Штип.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Шега на Пендаровски на митинг во Делчево претставена како закана

Не станува збор за никаква закана на Пендаровски упатена до граѓаните на Делчево, како што тоа сака да го прикаже објавата што се споделува на Фејсбук. На видеото од митингот во...