fbpx

Инспектори на царината заплениле 8,5 килограми злато, шверцувано од Турција

-

Инспектори од Одделението за истраги на Царинската управа вчера при претрес на автомобил, марка „голф 5“, на патот Гостивар – Дебреше, откриле 8,5 килограми злато, наменето за македонскиот пазар, соопшти Царинската управа.

Според Царината, златото, чија вредност се проценува на околу 200.000 евра, било набавено во Турција и потоа прошверцувано во Македонија.

„Околу 10.30 часот, за детална царинска контрола сопрен е автомобил, управуван од македонски државјанин, при што под предните седишта пронајдени се три најлонски кеси со 2.127 парчиња златен накит, со вкупна тежина од 8.610 грама. Од преземените предистражни мерки и активности, утврдено е дека златниот накит е купен во Турција и на недозволен начин е прокриумчарен во Република Македонија“, стои во соопштението на Царината.

Според Царината, осомничениот заедно со лица од Турција и во соработка со турска компанија за автобуски превоз, која ја одржува редовната линија Истанбул – Гостивар, го организирале шверцот на златниот накит.

„Откако автобусот пристигнал во Македонија од Турција и се паркирал на автобуската станица во Гостивар, пријавениот влегол внатре, го извадил накитот кој претходно бил сокриен во автобусот и за кратко време го сместил во својот автомобил. По завршување на истрагата и целосно документирање и расчистување на случајот, Царинската управа против сторителот ќе поднесе кривична пријава поради основано сомневање за сторено кривично дело криумчарење“, се додава во соопштението на Царинската управа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...