fbpx

Инспекторатот констатирал неправилности во „Пенко“, МОН и Општина Бутел не преземаат ништо

-

Ниту Министерството за образование и наука (МОН) ниту Општина Бутел не ја почитуваат одлуката на Просветниот инспекторат, кој констатирал прекршување на законот во основното училиште „Петар Здравковски – Пенко“ во општина Бутел. Двете институции ќе ги остават учениците во пренатрупани училници, а никој не поднесува одговорност за оваа состојба, пишува „Порталб“.

По алармирањето од страна на овој новински сајт за состојбата во основното училиште кое се соочува со недостиг на простор и голем број на ученици, што е констатирано од страна на Просветниот инспекторат, освен наведената Општина, ниту Министерството за образование и наука нема да преземе ништо за решавање на овој проблем.

Од МОН на неколку наврати рекоа дека општината нема поднесено барање и затоа не интервенирале во врска со ова прашање, но согласно Законот за основно образование – член 171, доколку општината поради разни причини не го почитува законот, МОН може да и ги одземе надлежностите до решавање на проблемот.

Но тоа во овој случај нема да се случи, бидејќи според министерот за образование и наука Арбер Адеми, недостига физички простор за решавање на проблемот.

-Ние сме за почитување на законот на целата територија на Република Македонија, вклучувајќи ја и општина Бутел, во чии рамки е основното училиште „Петар Здравковски-Пенко“. Исто така, целосно сме свесни дека постојат одредени училишта, особено во Скопје, кои се преоптоварени и нема можности за создавање дополнителен простор. Не станува збор за финансиски средства, туку за просторни аспекти, бидејќи нема каде да градиме или надградуваме дополнителни училници – изјави рече Адеми за Порталб.мк.

Тој ги повика директорите и општините да бидат внимателни и да ги почитуваат законските одредби и да не ги преоптоваруваат училниците.

„Порталб“ повторно ја контактирал Општина Бутел, но од таму немале коментар. Сепак, истакнале дека остануваат на стариот став дека овој проблем нема да постои повеќе, бидејќи ветуваат дека следната година ќе се применува законот за упис, што значи дека, нема решение за моменталната состојба со паралелките од прво одделение кои учат во соседната градинка, како и со паралелката со над 34 ученици.

Според извештајот од Просветниот инспекторат, кој новинскиот сајт го имал на увид, се вели дека во септември ова училиште има поднесено барање до Општина Бутел за вработување на еден наставник и поделба на паралелката која го надминува бројот на ученици пропишани со закон, но дека од општината нема одговор.

„При контрола во основното училиште ,Петар Здравковски-Пенко’ во општина Бутел е констатирано дека двете паралелки на македонски јазик имаат 17 ученици, од кои Прво 1 има 9 ученици, а Прво 2 има 8 ученици, додека во паралелките на албански наставен јазик Прво 3 има 38 ученици, Прво 4 има 34 ученици, Прво 5 има 34 ученици, а Прво 6 има 34 ученици, а паралелката на турски јазик, Прво7 има 27 ученици”, се вели во извештајот на инспекторатот.

Од оваа институција известуваат дека извештајот е испратен до општината под чија надлежност паѓа ова училиште, на која и укажуваат да ја подели паралелката со 38 ученици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...