fbpx

Иновациите во фокусот на саемот „Технома“

-

Повеќе од 185 домашни и странски компании ќе се претстават на 41. Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, нематали, градежништво, обезбедување и заштита, „Технома 2015“, кој ќе се одржува од 13 до 17 октомври на Скопски саем.

Во фокусот на „Технома 2015“ ќе бидат иновациите, енергетската ефикасност и ЛЕД-технологиите.

– Оваа меѓународна саемска манифестација секогаш му е потребна на стопанството, а за тоа говори фактот што на целиот расположив простор на Скопски саем, секоја година исполнува капацитет со површина од 12.000 квадратни метри. Потврда на меѓународниот карактер на „Технома“ се учествата на компании од цела Европа и од Тајван – велат од Скопски саем.

Истовремено, ќе биде отворен и 16. Меѓународен саем за занаетчиство и за мало стопанство и 35. Меѓународна изложба на иновации. Се очекуваат 25.000 посетители.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Урбани велосипедисти утре ќе вртат кругови околу „Ист Гејт Мол“

За прв пат во Скопје, Амбасадата на Холандија и „Гоу Грин“, организираат Портокалова велосипедска тура, па посетителите што ќе дојдат, со велосипеди ќе вртат кругови околу трговскиот центар „Ист...