Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ повикува на протест в сабота


       
Тетово, 10 јануари, 2019 - 10:57 (META) 

Граѓанската иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ повикува на протест, за како што велат, да се стопира уништувањето на овој туристички центар.

„Во сабота, 12 јануари со почеток во 11 часот, ве покануваме да протестираме сите заедно кај Жичарата Тетово – Попова Шапка против уништувањето на овој туристички центар.Туризмот што го имаат Струга и Охрид за три месеци, Тетово требаше да го има за дванаесет месеци. Да се мобилизираме што повеќе, за да ја изразиме нашата подготвеност да побараме одговорност од Владата, за да ги преземе потребните чекори кон трајното решавање на проблемите на Попова Шапка“, се вели во апелот.

Тие го повикаа и премиерот Зоран Заев да дојде на Попова Шапка за лично, како граѓанин, да се запознае со проблемите кои ги има овој ски-центар.