fbpx

Иницијатива за Штип да добие театар за деца

-

Иницијативата за основање театар за деца, потпишана од претседателот на Советот, Влатко Миташев, денеска ја доби поддршката на Комисијата за култура при Советот на Општина Штип. Со тоа, оваа иницијатива ја почна процедурата кон формирање нова општинска институција.

Во предлогот, Миташев потсетува на долгата театарска традиција на Штип уште во 19 век, кој бил единствениот град во Источна Македонија со театарска дејност.

„Пред неколку години, беа одбележани 100 години од  кино-прикажувачка дејност,  а во Штип е изведена првата опера во Македонија – „Палјачо“, под диригентска палка на Русинот Сергеј Михајлов во 1924 година“, стои во иницијативата до советниците.

Новоформираниот театар за деца, до осамостојувањето, би работел на трите малку искористени сцени на Националната установа „Ацо Шопов“ и на Народниот театар. Авторот на проектот, драматургот во театарот, Трајче Кацаров, вели дека дел од овие сцени собираат прав, наместо да бидат простор за културна едукација на децата.

– Иницијативата е од општествено значење и ќе се однесува не само за Штип, туку ќе биде тоа театар за деца на територија од  350.000 жители во Источна Македонија – изјави Кацаров.

Според него, Штип има кадровски потенцијал, особено што некои од актерите на штипскиот театар се немаат појавено на сцена со години.

За почеток, театарот за деца годишно ќе продуцира по две претстави, финансирани од основачот, Министерството за култура, а дополнително и неколку други комерцијални проекти.

Во Штип, и покрај тоа што веќе неколку години се одржува Фестивал на детски театар, претстави за децата се подготвуваат инцидентно, главно пред Нова години. Во некогашниот Дом на култура „Ацо Шопов“ со децении работеше драмско студио, каде твореа деца и млади,  кое со пензионирањето на основачот, Симеон Гаврилов, престана да работи.

Од драмското студио произлегоа повеќе значајни имиња, кои подоцна станаа дипломирани, професионални актери на повеќе сцени во земјата и во светот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...