Индустрискиот промет на странските пазари во пораст, на домашниот со пад


       
Скопје, 16 јули, 2018 - 11:12 (META) 

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во првите пет месеци е зголемен за 12,4 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2018 година, во однос на истиот месец лани бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 9,3 проценти, капитални производи за 13,4  проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,1 проценти, додека опаѓање бележи кај трајни производи за
широка потрошувачка за 4,5 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во мај, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање кај интермедијарни производи, освен енергија за 8,9 проценти и трајни производи за широка потрошувачка за 0,1 процент, додека пораст бележи кај каапитални производи за 8 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,9 проценти.