Европскиот произведувал на авиони „Ербас“ добил од групацијата „ИндиГо“ нарачка за 250 авиони од типот „А320 нео“, што е најголема нарачка во историјата на оваа индиска авио-компанија.
Според цените во каталогот, нарачката е вредна 26 милијарди долари, односно 23,4 милијарди евра, соопштија од „Ербас“.
Нискобуџетната индиска авио-компанија „ИндиГо“, во 2005 година од „Ербас“ нарача 100 летала од типот „A320“ и уште 180 модели „A320 нео“ во 2011 година.
Вкупниот број на нарачки од семејството на „A320“ за „ИндиГо“ се искачи на 530 авиони.