fbpx

Имотот на „Злетово“ и „Тораница“ под хипотека, „Минстрој“ не може да работи

-

Новиот концесионер на рудниците „Злетово“ и „Тораница“, бугарската компанија „Минстрој“, нема да може да го користи погонот за флотација, без кој не е можен производствениот процес.  Тој нема да може да го користи и останатиот имот на досегашниот концесионер „Индоминерали и метали“, затоа што е ставен под хипотека.

Основниот суд во Штип треба да одлучи што со хипотеката, откако Собранието на доверители и стечајниот управник побарале нејзино поништување. Оваа постапка е итна и одлуката треба да се донесе наскоро, по што ќе се очекуваат жалби до повисокиот суд.

Собранието на доверители донесе одлука за продажба на имотот на рудниците, проценет на 7,8 милиони евра. Меѓутоа, продажбата не е можна додека судот не го реши прашањето со хипотеката. Потоа ќе следи јавна електронска лицитација.

Новиот концесионер „Минстрој“, на минатонеделната прес-конференција во Скопје, веќе се изјасни дека е подготвен да плати близу 8 милиони евра за овој имот.

Додека се одвива правниот процес околу хипотеката, веднаш по официјалното добивање на концесијата, „Минстрој“ би можел веднаш да влезе во рудниците. Стечајната управничка Владица Ивановска вели дека објектите може да им се дадат под закуп за месечна закупнина.

„Минстрој“ веќе најави дека следниот месец планира да го рестартира производството во „Злетово“, додека во „Тораница“ дури во текот на летото поради запуштеноста на рудникот.

Таму ќе бидат потребни дополнителни подготвителни работи на обезбедување на рудникот.

Сопственикот, Николај Волканов рече дека во „Тораница“ има геолошки проблеми и е во лоша состојба, за што се потребни дополнителни инвестиции. Волканов, исто така кажа дека до сега во рудниците се користела застарена опрема и механизација, поради што најави набавка на нова опрема и побезбедни услови за работа.

Во меѓувреме тече и жалбената постапка по електронското јавно наддавање за концесијата.

Две компании кои беа дисквалификувани пред почетокот на наддавањето се сомневаат во манипулација со документи, по што вложија жалба.

Пред да биде завршена оваа постапка, владата на минатонеделната седница ја одобри концесијата на бугарски „Минстрој“, кој потоа на прес-конференција ги објави своите инвестициски проекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...