fbpx

Имаме 1,8 милиони гласачи на 2 милиони жители, 20.000 повеќе од 2014 година

-

Бројот на гласачи од парламентарните избори во 2014 година до декември минатата година се зголемил за речиси 20.000 граѓани. Ако во 2014 година имало 1.780.000 гласачи, сега тој број, според информации од ДИК од последното ажурирање на списокот во декември минатата година е 1.800.011.

Според процената на населението направена од Државниот завод за статистика (состојба од 30 јуни 2014 година), во Република Македонија има 2.067.471 жители, а според студијата „Преглед на светската популација“ (World Population Prospects) во Македонија во 2015 година имало 2.078.000 жители.

Членот на ДИК, Субхи Јакупи, на седница на комисијата минатата недела изјави дека според податоците што ги добиле од полицијата, до лани во странство се евидентирани 78.000 македонски граѓани.

Демографот Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика, вели дека симпоматично e што толку е зголемен бројот на гласачи.

– По ниту една методологија не е можно толку да се зголеми бројот на гласачи.  Зголемен е бројот на гласaчи што гласаат во странство, а во исто време зголемен е и бројот на граѓни што гласаат во земјава. Според мене, појавата на таквото зголемување е нон-сенс. Мора да се испита што придонело за толку да се зголеми бројот – вели Герасимовски.

Од 2011 до 2013 година имало намалување за околу 80.000 до 85.000 гласачи, а за изборните циклуси 2013 до 2014 година зголемување од 30.000 до 35.000 гласачи.

– Оваа ситуација е малку матна и треба да се направи проверка од каде толку гласачи стекнале право на глас – вели Герасимовски.

Неофицијално од Државната изборна комисија велат дека токму на ова прашање треба да даде одговор статистичката проверка на избирачкиот список, но дека засега не може да коментираат.

Колку точно гласачи има и како настанува наглото зголемување на бројот на гласачите ќе се знае откако Државната изборна комсија ќе го прочисти списокот на гласачи.

Од Граѓанската асоцијација „Мост“ велат дека во избирачкиот список се запишуваат лицата што наполниле 18 години и лицата што стекнале државјанство на Република Македонија.

– Што се однесува до разликата помеѓу бројот на избирачи во 2015 и во 2014 година, ние немаме увид во избирачкиот список, па оттаму не можеме да дадеме коментар за тоа по која основа биле запишани овие избирачи. Одговорот може да го даде само Државната изборна комисија, имајќи предвид дека само таа има преглед на структурата на новозапишани избирачи, врз основа на податоците што редовно ги добива од Министерството за внатрешни работи – велат од „Мост“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...