fbpx

Илјадници луѓе излегоа на маршот во чест на Немцов

-

Наместо протестен митинг на опозицијата, организиран е протстен марш во знак на сеќавање на убиениот руски опозиционер Борис Немцов, во кој учествуваа повеќе илјади луѓе.

Неколку илјади луѓе прво се собраа на плоштадот Славјанск во центарот на Москва, од каде тргнаа кон мостот на кој пред два дена беше убиен Немцов.

Колоната од луѓе била долга неколку стотини метри, а маршот се одвивал во тишина, без извикувања или слогани.
Учесниците во маршот носеле плакати со натписи „Се бореше за слободна Русија“, „Се бореше за иднината на Русија“, како и клучната порака на маршот „Хероите не умираат и тие куршуми се насочени кон секој од нас“.

Претставниците на опозицијата го откажаа денешниот протест, кој требаше да се случи на југоистокот на Москва. Еден од организаторите на тој настан беше и сега убиениот Немцов.

Марш во знак на сеќавање на Немцов одржан е и во Санкт Петербург.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...