fbpx

Илјадници бегалци чекаат од грчката страна на Богородица да преминат во Македонија

-

Во Грција продолжува да се зголемува паниката дека државата ќе остане заглавена со илјадници бегалци и мигранти.

Грчките медиуми јавуваат дека граничниот премин кај Богородица, односно Идомени е преполнет со бегалци од грчка страна бидејќи македонските граничари пропуштаат многу мал број бегалци и мигранти.

Според информациите од грчката полиција, минатата ноќ се пропуштени 750 бегалци, додека во бегалскиот камп кај Идомени својот ред и шанса да заминат во земјите од Европската унија чекаат 700 бегалци. Но, бројката е драстично поголема на само неколку километри подалеку, односно на бензинската пумпа кај Поликастро, која стана неформален бегалски камп. Таму во моменов има околу 4.000 лица, кои чекаат да бидат префрлени во кампот кај Идомени и оттаму да видат дали ќе бидат пропуштени во Македонија.

Грчката влада од вчера најави дека во соработка со армијата ќе го интензивира градењето на пет прифатни бегалски центри и контролни точки за регистрирање на бегалците, чекор направен по негативниот извештај на Европската комисија за начинот на кој државата се соочува со бегалската криза, а кој доведе до изјави од европските функционери дека Грција би можела привремено да биде исклучена од шенген-зоната.

Иако грчката влада демантира дека тоа може да се случи, опозициските партии предупредуваат дека исклучувањето од шенгенската зона е реална опасност и владата мора да реагира за да не дозволи да се дојде до тој чекор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...