fbpx

„Илинден“ од Тирана ја осуди изјавата на албанската пратеничка Месила Дода

-

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана преку соопштение попладнево остро ја осуди, како што ка нарекува, антимакедонската изјава на Месила Дода, пратеничката од Партијата за правда, интеграција и единство во албанскиот парламент.

При посетата на Пешкопеја, Месила Дода рече дека Република Македонија е Илирида, ги повика политичките партии на Албанците во земјава самите да конституираат свој парламент, а отиде дотаму што се закани со војна во Македонија.

„Антимакедонските повици се нецивилизирани и немаат место на територијата на Европа. Ние мораме да работиме и да имаме храброст да изградиме искрени и пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Албанија. Балканот мора да се оддели од омразата и од ксенофобија меѓу народите“, стои во писмената реакција на македонското друштво „Илинден“ од Тирана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...