!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Илијовски: Боемска улица која чини 710.000 евра е оштетена и е со најмногу возила


       
Скопје, 14 февруари, 2017 - 15:40 (META) 

Мрзеливиот Жерновски преуреди улица од 270 метри која чини неверојатни 710.000 евра. Секој еден метар од оваа втора Боемска улица чини 2.629 евра. Како што можете да видите, не се ова златни плочки, туку обичен бехатон, изјави на прес-конференција претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар и советник во Општина Центар, Илија Илијовски.

Тој истакна дека „и за втората Боемска улица од општината рекоа дека ќе биде забранета за паркирање и ќе биде пешачка зона, но е една од најпрометните сообраќајни улици во Дебар Маало.“

– Притоа, може да се забележат и видни оштетувања. Демонтирани столбчиња, искршени држачи за велосипеди, разлабавени плочки. По само неколку месеци, Боемската улица на мрзливиот Жерновски, почна да го доживува својот инфраструктурен крах – изјави Илијовски.

Тој додаде дека истите пари, Жерновски можел да ги инвестира во градинки, училишта и други капитални проекти кои им се потребни на граѓаните на Општина Центар.

– Мрзливиот Жерновски го преспа целиот мандат. Единствено што сработи се двете боемски улици за себеуживање и скапите забави, тамбураши и диџеи – додаде Илијовски.