fbpx

Илегални мигранти, повторно жртви на железничка несреќа

-

Двајца сиријски државјани ги загубиле животите на железничката пруга Гевгелија – Табановце, кога во нив удрил товарен воз.

Според полициските информации, несреќата се случила утрово, околу 1 часот, на железничкиот мост на реката Тополка, во Велес. Сиријските државјани, кои биле на возраст од 22, односно 23 години, починале на самото место.

Јавен обвинител и екипа на велешката полиција извршиле увид на местото.

Во изминативе две недели, ова е четврти случај во кој државјани на Сирија и на Авганистан, кои илегално транзитираат низ земјава, гинат на железничките пруги.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...