fbpx

Игор Јанушев – шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори

-

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница за претседател на Унијата на млади сили на партијата го избрал Јован Јаулески, а за шеф на изборниот штаб за претстојните претседателски избори бил избран генералниот секретар Игор Јанушев, соопшти партијата.

За советник за меѓународна политика на претседателот Христијан Мицкоски е избран Стефан Андоновски, додека за советник за меѓусоседска политика е избран Тони Димитриевски.

На седницата на Извршниот комитет беше дискутирано и за подготовките за конвенцијата за избор на кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе се одржи во Струга на 16 февруари.

Од партијата информираат дека на Извршниот комитет се дискутирало и за актуелната политичко-економска ситуација во државата и, како што велат, хаосот кој го предизвикала власта.

„ИК заклучи дека Македонија не смее да продолжи да губи и тоне поради неспособноста на власта, која ги распродава националните интереси на сметка на ситни партиски поени. Кратењето на пензиите, ударот врз пазарџиите, поскапувањето на здравствените услуги, хаосот со епидемијата на морбили, од една страна и зголемувањето на платите на вицепремиерите и вработувањето на блиски роднини во државните компании се најдобар доказ за аздисаноста на власта и нивниот единствен интерес за лично богатење, информираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ констатираат дека најбрз и најефективен излез се предвремени парламентарни избори, кои е потребно да се одржат заедно со претседателските.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...