fbpx

ИФИМЕС: На референдумот нема да излезат 17,4 отсто од граѓаните

-

Вкупно 63,6 отсто од граѓаните на Македонија ќе учествуваат на претстојниот референдум, а 67,3 проценти се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот од Преспа. На референдумот нема да излезат 17,4 отсто од граѓаните, додека 16,4 отсто не се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција, покажува испитувањето на јавното мислење што го спроведе Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана.

Во обемната студија во рамките на која е објавена и анкетата се вели оти се очекува силен хакерски напад врз Македонија со цел промена на волјата на граѓаните и спречување на успехот на референдумот.

Анкетата е направена од 1 до 10 септември годинава врз 1.218 испитаници во сите шест изборни единици.

Од испитаниците, 86,7 отсто сметаат дека македонските граѓани независно од етничките и политичките разлики, треба да покажат единство кога е во прашање полноправното членство во ЕУ и НАТО, додека 79,8 проценти мислат дека евроатлантската интеграција е правилна стратешка ориентација на државата.

Најголем процент од анкетираните, 74,2, го оцениле негативно работењето на претседателот на државата Ѓорге Иванов, позитивно се изјасниле 9,4 проценти, а став по ова прашање немаат 16,4 отсто.

Високи 79,2 отсто од испитаниците сметаат дека СЈО под водство на Катица Јанева добро си ја врши работата, 14,4 проценти имаат спротивно мислење, додека 6,4 немаат став.

Освен дел од внатрешните фактори, клучните предизвици на Македонија пред претстојниот референдум на 30 септември 2018 година доаѓаат од надвор, се вели во студијата. Јавно противење на членството на Македонија во НАТО изразија Србија и Русија. Затоа го зајакнаа безбедносно-разузнавачкото присуство во таа земја со цел нејзина дестабилизација пред претстојниот референдум.

Се предупредува и на голем хакерски напад врз Македонија.

„Сè е насочено кон Македонија, да се обиде да се спречи успешен референдум во таа мултиетничка земја, со што ќе се спречи нејзино членство во НАТО. Се очекува силен хакерски напад врз Македонија со цел промена на волјата на граѓаните и спречување на успехот на референдумот. Сепак, зад овие причини, се крие веројатно главната причина, а тоа е фактот дека по успешниот референдум следи долгоочекуваниот признавање на канонската автокефалноста на Македонската православна црква (МПЦ), која заеднички сакаат да ја спречат Србија и Русија“, се вели во студијата, која како главни противници ги посочува и на договорот ги посочува овие две земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...