fbpx

ИФФК „Браќа Манаки“ почна синоќа, доделени наградите за животно дело на Лом и на Ротуно

-

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ почна синоќа во Центарот за култура во Битола.

На отворањето на фестивалот беа доделени двете награди за животно дело „Златна камера 300“, на великаните на светската кинематографија, Пјер Лом и Џузепе Ротуно.

Славниот италијански кинематограф Џузепе Ротуно не беше во можност да дојде во Битола. Во име на Ротуно, заслужен за повеќе од 80 филмови кои ја дефинираа европската кинематографија, наградата ја прими неговиот некогашен студент, а сега и самиот кинематограф, Лука Коасин.

Втората награда за животно дело „Златна камера 300“ му припадна на францускиот и светски кинематограф Пјер Лом, а му беше врачена од страна на претседателот, Ѓорѓе Иванов.

Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, пак, која ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) оваа година првпат ѝ припадна на институција, а не на личност. Претседателот на ДФРМ, Роберт Насков, ѝ ја посвети наградата на најстарата продуцентска куќа во Македонија, „Вардар филм“, која оваа година одбележува 70 години од формирањето.

– За жал, „Вардар филм“ веќе не постои, па затоа нема кој да ја прими наградава. Ова е, на некој начин, постхумно доделување на наградата и тоа ја покажува нашата негрижа за културата и за традицијата. Со оваа награда ДПФМ сака да им оддаде почит на сите кои биле вработени во „Вардар филм“ и на тој начин придонеле за развојот на македонската кинематографија – рече Насков.

Синоќешното издание на фестивалот заврши со проекциите на филмовите „Крајот на времето“ на режисерот Милчо Манчевски и „Насоки“ на режисерот Стефан Комадарев и на кинематографот Веселин Христов, прв од главната селекција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...