fbpx

Идентификувани бомбашите самоубијци од аеродромот во Брисел

-

Двајцата бомбаши самоубијци што го извршија нападот на бриселскиот аеродром се идентификувани како браќата Ел Баркау, кои од претходно ѝ се познати на полицијата, јави белгиската телевизијата „Ар-те-бе-еф“.

Белгиските власти и понатаму трагаат по третиот осомничен за вчерашните напади во Брисел, кој според белгиското федерално обвинителство, сè уште е во бегство. Станува збор за 25-годишниот Најим Лачарау, а неговата ДНК е пронајдена во зградите што го користеле извршителите на минатогодишните напади во Париз. Лачарау, наводно, минатата година во септември, заедно со главниот осомничен за нападите во Париз, Салах Абдеслам, отпатувал за Унгарија. Полицијата издаде потерница по него.

Во терористичките напади во Брисел, според официјалните податоци, загинале најмалку 31 лице, а 250 се повредни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...