Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Манчестер во кој загинаа 22 лица. Припадниците на терористичката организација на социјалните мрежи објавија видео запис во кој велат дека тие се одговорни за нападот.
Во експлозијата за време на концертот на американската пејачка Ариана Гранде во Манчестер синоќа загинаа 22 лица, а повредени се 59.
Полицијата соопшти дека експлозијата се третира како терористички напад и верува дека напаѓачот делувал сам и дека загинал во експлозијата.
ISIS claims responsibility for the terror attack in #Manchester. We must eliminate these pigs. pic.twitter.com/0niH9fdsxN
— Kevin W. (@kwilli1046) May 23, 2017