fbpx

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Лондон

-

Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за вчерашниот напад во Лондон, пренесуваат светските агенции, наведувајќи дека ИД тврди дека напаѓачот бил еден од нејзините „војници“.

Новинската агенција „Амак“, која се смета за блиска до ИД, јави дека нападот е извршен како одговор на повиците на ИД да се удри по државите што учествуваат во борбата против нив.

Коалицијата предводена од САД врши напади врз позициите на ИД во Сирија и во Ирак.

Во меѓувреме, британската премиерка Тереза Меј соопшти дека идентитетот на напаѓачот ѝ е познат на полицијата и дека станува збор за лице кое е родено во Велика Британија.

– Тој работел сам и нема причина да веруваме дека биле планирани и други напади – нагласи Меј во специјална изјава за пратениците во Долниот дом на Парламентот.

Таа истакна дека тој бил „периферна личност“ за која се знае дека еднаш бил испрашуван од оперативците на МИ5 околу насилниот екстремизам.

– Неговиот случај е минато затоа што тој не бил дел од ниту една од актуелните операции на безбедносните служби ниту, пак, има разузнавачки сознанија дека планирал или правел заговор – рече Меј.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...