fbpx

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Далас

-

Екстремистичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за пукањето на изложбата на карикатури на пророкот Мухамед во Далас, организирана од антиисламистичко здружение.

ИД одговорноста за нападот ја презеде преку социјалната мрежа „Твитер“, јавува „Сајт интелеџенс груп“.

Џихадистот, познат како Аби Хусеин ал-Британи, за кој се тврди дека е Британецот Џунаид Хусеин, објави дека „двајца браќа пукале“ на посетителите на изложбата во Тексас.

„Мислеле дека во Тексас се сигурно пред борците на Исламска држава“, стои во објавата.

Полицијата соопшти дека сè уште не се идентификувани убиените напаѓачи и оти не се знае дали се поврзани со критичарите кои ја сметаат изложбата за противисламска.

Пукањето следи по неколку слични напади во западноевропски земји, поврзани со карикатури. Во јануари напаѓачи убија 125 лица во парискиот сатиричен весник „Шарли ебдо“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...