fbpx

Ибраимовски: Со законот за јазици не е оштетена ниту една етничка заедница

-

Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Самка Ибраимовски, смета дека со предлог-законот за употреба на јазиците не е оштетена ниту една етничка заедница во земјава.

– Сметам дека сè е во ред со предлог-законот. Ниедна заедница не е оштетена во тој дел и што е многу битно, сметам дека нема промени ниту на Уставот на Република Македонија – рече Ибраимовски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за објавениот конкурс за стипендии за ученици Роми.

Тој смета дека предложеното законско решение произлегува од Рамковниот договор, кое, според него, никој немал храброст да го спроведе.

Ибраимовски информираше дека вчера е објавен конкурсот за доделување стипендии во пет категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година во јавните и во приватните средни училишта за учебната 2017/2018 година.

Станува збор за 752 стипендии што ги доделува Министерството за образование и наука со финансиска поддршка од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта за учебната 2017/2018 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...