fbpx

Ибрахим Ибрахими од денеска е нов министер за труд и социјална политика

-

Досегашниот заменик-министер, Ибрахим Ибрахими, од денеска е нов министер за труд и социјалната политика, по преземањето на функцијата од техничката министерка Фросина Ташевска-Ременски.

„Од денеска (29 декември 2016 г.), во согласност со член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија од јули 2016 година, заменик-министерот во Министерството за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими ја презема надлежноста, односно ја врши функцијата министер за труд и социјална политика“, стои во соопштението од министерството.

Ибрахими, кој е роден во Гостивар во 1967 година и е дипломиран економист, за заменик-министер за труд и социјална политика беше назначен кон крајот на јули 2011 година, а предходно од 2008 до 2011 година ја извршуваше функцијата заменик-министер во Министерството за правда.

Денеска и Оливер Спасовски му ја предаде министерската функција во Министерството за внатрешни работи на Агим Нухиу, кој досега беше заменик-министер во МВР.

Со објавувањето на конечните резултати од изборите од страна на Државната изборна комисија (ДИК), освен на министрите им заврши мандадот и на дополнителните заменици-министри во министерствата за внатрешни работи (Оливер Андонов), труд и социјална политика (Диме Спасов), земјоделство, шумарство и водостпанство (Љупчо Николовски), финансии (Кире Наумов) и за администрација и информатичко општество (Александар Кирацовски), во согласност со Договорот од 20 јули.

Оливер Спасовски и Фросина Ташесвка-Ременски на предвремените парламентарни избори освоија пратенички мандати, кои треба да им бидат верификувани утре, за кога е закажана конститутивната седница на Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...