fbpx

И покрај пресудата, Лагард ќе остане на чело на ММФ

-

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одлучи денеска дека Кристин Лагард останува на чело на таа финансиска институција, иако вчера беше прогласена за виновна поради невнимание во периодот додека сè уште била министерка за финансии на Франција.

ММФ соопшти дека извршниот одбор ги разгледал сите релевантни фактори, а меѓу другото и „нејзиното извонредно водење на ММФ, но и угледот и довербата во нејзиното искуство“.

„Во тој контекст, извршниот одбор ја потврдува довербата и можноста директорката да продолжи ефикасно да ја извршува должноста“, се наведува во соопштението.

На директорката на ММФ ѝ се судеше поради последиците од спорот што во 2008 година го водеше францускиот бизнисмен Бернард Тапие против банката „Кредит Лион“, во врска со продажбата на компанијата „Адидас“, чиј сопственик беше Тапие од 1989 година.

Тапие во 2007 година продажбата на компанијата ја довери на банката, но потоа ја тужеше бидејќи, како што тврдеше, го оштетила во продажбата.

Кристин Лагард, која во тоа време беше министерка за финансии на Франција, одобри судскиот спор да се реши со арбитража, по што државата на Тапие во 2008 година му исплати отштета од 400 милиони евра.

Лагард е обвинета дека не направила доволно за да се спречи исплатата на Тапие, односно обвинета е за невнимание во користењето јавни средства. Ова обвинение ретко се користи и тоа во случаи кога доказите укажуваат на тоа дека обвинетите несвесно учествувале во активностите за да се изигра државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...