fbpx

И грчки воени претставници биле на поменот за загинатите бугарски војници на Кајмакчалан

-

Архимандритот Атанасиос во присуство на воени делегации од Бугарија и од Грција одржал молитва за душата на паднатите бугарски херои во битката на планинскиот врв Кајмакчалан, од септември 1916 година, јавува дописникот на „Мета“ од Софија.

На поменот присуствувала бугарска делегација, предводена од началникот на одбраната, генерал Константин Попов, адмиралот и пратеник Пламен Манушев и поранешниот командант на поморските сили, бригадниот генерал Јавор Матеев, командант на 68-те бригадни специјални сили, војници, како и генералниот конзул во Солун, претставници на грчката армија, пратеници од различни партии, градоначалникот на Садово и потомци на хероите.

Лошото време не ја спречило делегацијата да положи венци и цвеќиња на паднатите прадедовци, бугарски херои кои учествувале во битката на Кајмакчалан во септември и во октомври 1916 година. Првпат по 100 години, поп ги опеал душите на паднатите борци, а на поменот беше поделен леб и пченица за душите на загинатите.

Началникот на одбраната, Константин Попов, рекол дека се обележува денот посветен на сите што ја направија историјата на Кајмакчалан.

– Присутни се грчки генерали, офицери кои им одаваат почит на загинатите, без разлика на нивната националност, затоа што по сто години мора да собереме храброст да подадеме рака и да ги запреме поделбите – рекол генералот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...