fbpx

И Џеб Буш сака да влезе во Белата куќа

-

Поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш, активно размислува за можноста да се кандидира за претседател на САД. Претходно, претседатели на САД беа неговиот татко, како и неговиот брат.

Републиканците, можеби, две години пред претседателските избори, најдоа кандидат кој ќе ѝ се спротивстави на Хилари Клинтон.

„Решив активно да ја разгледаат можноста да се кандидирам за претседател на САД“, напиша Џеб Буш на својот твитер-профил, со што ја истакна желбата да биде републикански кандидат за претседател.

Во рамките на ова „испитување“, Буш ќе разговара со донатори низ Америка.

Со овој потег, Буш ја изненади конкуренцијата, вклучувајќи го и гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи, кој како и најмладиот член на „династијата Буш“ смета на поддршка од најмоќните републиканци во прилично сложениот и тежок пат до Белата куќа.

Според американските медиуми, татко му и брат му претходно силно ја поддржуваа идејата Џеб да се кандидира за претседател, а мајката Барбара била доста воздржана, велејќи дека „имало доволно претставници на семејството Буш во Белата куќа“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...