fbpx

И денеска нема јавна седница на Апелација за притворите на осомничените за 27 април

-

Апелацискиот суд Скопје ниту за денеска не ги закажа јавните седници на кои треба да се разгледуваат жалбите за продолжувањето на притворите за дел од осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година.

Како што велат за „Мета“ од судот, сè уште се чекале одговорите на жалбите од Вишото јавно обвинителство.

Од Апелацискиот суд ни потврдија дека се чекаат одговорите на осумте жалби кои стигнале во четвртокот и кои веднаш биле испратени на одговор во Вишото јавно обвиниетлство, а во петокот дополнително пристигнале уште неколку жалби.

Оттаму не можеа со сигурност да кажат кога ќе бидат закажани јавните седници.

– Сè уште ги чекаме одговорите од Вишото јавно обвинителство. Кога ќе бидат комплетирани предметите од првата група од осум жалби кои беа доставени, ќе закажеме седница. Јавни седници побараа четворица осомничени – ни изјави судијата Сафет Кадрии.

Јавни седници побарале актерот Владо Јовановски, поранешниот шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски, Оливер Поповски од шестата управа и Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање.

Инаку, според неофицијални информации, второстепениот суд треба да одлучува по 16 предмети по поднесени жалби за продолжувањето на притворите на осомничените за 27 април.

Кривичниот суд во Скопје на предлог на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 27 декември 2017 година им го продолжи притворот за нови триесет дена на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на поранешниот министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и на уште шестнаесет лица осомничени за насилствата во Собранието.

Куќниот притвор им е продолжен на пратениците Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и на уште еден осомничен, додека за С.М. и М.М. судот го прифати предлогот на обвинителството за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...