fbpx

И денеска ќе има дожд, а можен е и снег

-

Времето денеска во Македонија ќе биде главно променливо облачно, откако утринава температурите во некои места беа под нулата.

Во текот на денот температурата најмногу ќе се искачи во Гевгелија, до 20 Целзиусови степени, а во Охридско-струшкиот регион ќе достигне до 14 степени, со западен ветар. Во подрачјето од Гостивар до Дебар ќе бидат најниските температури во текот на денот , до 8 степени, а таму се можни врнежи.

Во Скопје температурата ќе се искачи најмногу до 17 Целзиусови степени, а во скопскиот регион, заедно со цела североисточна Македонија, исто така ќе врне дожд, и тоа попладне. На планините ќе паѓа слаб снег.

Умерен ветер од северозападен правец ќе дува во северна Македонија и во Повардарието и во Пелагонија, каде а во попладневните часови овој ветер од умерен ќе премине во засилен интензитет.

Од утре, под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува стабилно, суво и топло време со пораст на утринската и дневната температура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...