fbpx

Хрватска со рекордни 8 милијaради евра приходи од туризам

-

Министерот за туризам на Хрватска, Дарко Лоренцин, изјави дека државата оваа година може да очекува рекордни приходи од туризмот од приближно осум милијарди евра.

На јадранското крајбрежје и во Загреб, од јануари до јули оваа година, престојувале вкупно 7,6 милиони туристи, кои генерирале вкупно 40 милиони ноќевања.

Според официјалните податоци на туристичките заедници, на Јадранот и во Загреб само во јули одмарале 3,4 милиони туристи, што е за 11 проценти повеќе отколку во истиот месец минатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...